Во германската бундес лига Хановер доживеа пораз на домашен терен од Магдебург со 27:31. Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски беше одличен на мечот затоа што реализираше четири гола од шест обиди и беше втор стрелец во тимот.
А Штутгарт на Жарко Пешевски загуби на гости кај Либек со 27:23, а македонскиот пикер постигна два гола од исто толку обиди.