Митревски и Порто му се реваншираа на Кjелце, Пик Сегед убедливо против Кил

189

Никола Митревски и неговиот Порто ставија крај на серијата од шест порази во низа во Лигата на шампионите. Португалскиот тим успеа да се издигне во последниот меч од оваа календарска година, на домашен терен го совлада Кjелце со 29-27.

Порто со скор од три победи, реми и шест порази на паузата заминува како седмопласиран тим во групата Б. И покрај поразот пак Кjелце останува лидер со 14 бода.

Македонскиот репрезентативен голман натпреварот го заврши со пет одбрани, прв стрелец беше Круз со седум гола.

Во истата група, дербито меѓу ПСЖ и Барселона заврши без победник (28-28). И двата тима заедно со Веспрем имаат 12 бода, два помалку од лидерот Келце.

Последната средба пак од групата А меѓу Пик Сегед и Кил заврши со триумф на унгарскиот тим, кој славеше со 30-26. Со новите бодови Пик Сегед е на третото место на табелата со 14 бода, исто колку и Алборг. Лидер е Монпеље со 16 бода. Македонскиот првак е седми, додека зад него е Мешков Брест со четири бода, еден помалку од Вардар.

ПретходноЕлмас: Да бидам искрен, не знам која е мојата природна позиција
СледноЛЕ: Ристовски и Адеми го урнаа Вест Хем во Лондон (видео)