Нагелсман: Целосно доминиравме, можевме да постигнеме повеќе од три гола

64

Тренерот на Баерн Минхен , Јулијан Нагелсман, ги пофали своите играчи за нивната целосна доминација во победата над Барселона од 3:0. Баварците лесно победија со головите на Томас Милер, Лирој Сане и Џамал Мусиала и завршија на првото место во својата група во Лигата на Шампионите , додека Барселона напролет ќе игра во Лигата на Европа.

„Тотално доминиравме и тоа против големо име како Барселона. Победата му требаше на противникот, но не му дозволивме ниту да се доближи. Да бевме поупорни можевме да постигнеме повеќе голови. Добро е што не примивме гол. Секогаш тоа дава самодоверба. Завршивме со голема предност во групата, примивме само три гола и постигнавме 22, што е прилично добар показател“, изјави Нагелсман по натпреварот.
ПретходноЛапорта: Многу е тажно, но мора да гледаме напред
СледноДоменико Тедеско е нов тренер на Ред Бул Лајпциг