Нов трипл-дабл на Јокиќ, Далас ја прекина серијата порази (ВИДЕО)

223

Кошаркарите на Денвер победија по продолжение на гостувањето кај Њу Орлеанс со 120:114, предводени од српскиот центар Никола Јокиќ, кој оствари трипл-дабл, четврти во НБА лигата оваа сезона. Јокиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 11 скока и 11 асистенции. Тој постигна 11 поени само во продолжението кога се реши и победникот на мечот.

Во тимот од Њу Орлеанс најефикасен беше Јонас Валанчиунас со 27 поени и 11 скока.

Кошаркарите на Далас го победија Мемфис со 104:96 и ја прекинаа серијата од три порази. Најдобар во победничкиот тим беше Лука Дончиќ со 26 поени, осум скока и седум асистенции, а тоа е 15-ти последователен натпревар на кој словенечкиот кошаркар постигнува 20 или повеќе поени. Кристапс Порзингис постигна 19 поени, а Реџи Булок 15.

Голден Стејт дома славеа над Портланд со 104:94. Стивен Кари ги предводеше Вориорс со 22 поени, од кои имаше дури шест „тројки“. Кари стигна до фантастичната бројка од 2964 „тројки“ во кариерата и му недостигаат 10 за да стане нов рекордер во лигата уривајќи го рекордот кој го држи Реј Ален.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Чикаго 115:92

Детроит – Вашингтон  116:119 (п)

Индијана – Њујорк 122:102

Мајами – Милвоки Бакс 113:104

Торонто – Оклахома 109:110

Хјустон – Бруклин 114:104

Минесота – Јута 104:136

Њу Орлеанс – Денвер 114:120 (п)

Голден Стејт – Портланд 104:94

Сакраменто – Орландо 142:130

ЛА Клиперс – Бостон 114:111

Мемфис – Далас 96:104

Шарлот – Филаделфија 106:110

 

ПретходноДарио Ивановски и Дрита Ислами се најдобри атлетичари за 2021 година
СледноПознати шеширите за ждрепката за осминафиналето во ЛШ