Познати шеширите за ждрепката за осминафиналето во ЛШ

820

Со одигрувањето на синоќешните дуели од последното 6. коло во групната фаза од Лигата на шампионите, веќе станаа познати и шеширите од кои ќе се одредуваат двојките за осминафиналето од најсилното европско клупско натпреварување.

Екипите традиционално ќе бидат поделени во два шешири, во едниот ќе бидат победниците на групите како привилегирани, додека во другиот второпласираните екипи од секоја од осумте групи.

Ждрепката ќе се одржи на 13 декември во 12 часот.

Во групата на носители ќе се најдат: Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн (М), Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус. Овие екипи нема да можат да играат меѓусебно, па противници ќе чекаат од некоја од второпласираните екипи кои се во вториот шешир: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал / Аталанта, Салцбург и Челзи.

Треба да се напомене дека во осминафиналето екипите од иста земја не можат да играат меѓу себе.

ПретходноНов трипл-дабл на Јокиќ, Далас ја прекина серијата порази (ВИДЕО)
СледноТИМ НА 17.КОЛО: Захов уште еднаш покажа дека е ГОЛМАНИШТЕ…