Толку од Париз: Вајналдум сака да се врати во Англија

389

Џини Вајналдум не е среќен во ПСЖ и според „Скај Спортс“ е расположен за можното враќање во Премиер лигата во јануари. Англиските медиуми пишуваат дека тој можже да дојде на позајмица во Арсенал.

Минатото лето Холанѓанецот дојде во Париз откако по пет години минати на „Енфилд“ го напушти Ливерпул како слободен фудбалер. Неколку месеци подоцна, 31-годишниот Холанѓанец, кој не успеа да се наметне во стартниот состав на Маурисио Покетино, веќе го изрази своето незадоволство.

„Не можам да кажам дека сум целосно среќен, бидејќи ситуацијата не е онаква каква што сакав“ , изјави тој во октомври.

ПретходноЃорѓиев со 19 поени го однесе АХЦ Волеј во осминафиналето на Челинџ Купот
СледноЛапорта: Многу е тажно, но мора да гледаме напред