Амели Морезмо е нова директорка на Ролан Гарос

238

Двократната Гренд слем шампионка, Французинката Амели Морезмо денеска е промовирана во нова директорка на Ролан Гарос.

Морезмо е првата жена која што ќе ја обавува оваа функција, а истата ја презема од Ги Форже.

Форже си заминува поради недоразбирањата со претседателот на тениската федерација на Франзија, Жил Моретон.

„Горда сум што ќе ја обавувам поваа функција. Би сакала да се нагласи зошто сум поставена на оваа функција, не поради тоа што сум жена. Сакам да се стави акцент на тоа. Не е важно дали сте жена или маж, важно е какви вештини и способности имате“ – рече Морезмо.

FOTO Epa/Andy Rain
ПретходноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Ставрев на Арената, Стојчевски во Кавадарци!
СледноОткако го „распнаа“ навивачите на Барселона… Ленгле: Не е така како што изгледа (ВИДЕО)