Македонскиот ракометен интернационалец Кирил Лазаров во ремито на неговиот Нант против Бенфика (33:33) постигна само еден гол, но не било каков. Истиот беше вистинма „бомба“ од десетина метри, преубав погодок, вреден да се најде во најдобрите пет според изборот на ЕХФ.
Лазаров во неговата пребогата кариера има постигнато десетици прекрасни голови што на клупско што на репрезенаттивно ниво, но овој секако дека е еден од најубавите.