Екипата на Виљареал е патник во осминафиналето на Лигата на шампионите откако вечерва во одлучувачки меч ја совлада Аталанта и тоа во Бергамо со 2:3. Шпанците дојдоа во Бергамо со седум бодови, Аталанта имаше шест што значи дека на Италијанците им требаше победа за да го осигураат второто место во групата Ф.
Но Виљареал им приреди шок на „сино-црните“ од Бергамо. Со двата гола на Данџуба и еден на Капуе популарната „жолта подморница“ поведе со 0:3. Домашните комплетно тргнаа во напад и само успеаа да го ублажат поразот со тоа што постигнаа два гола преку Малиновски и Запата.
Манчестер Јунајтед е прв во оваа група, Виљареал заврши втор, Аталанта се сели во Лигата на Европа, додека Јанг Бојс е елиминиран.