И дефинитивно мечот од последното коло во групата – Ф во Лигата на Шампионите меѓу Аталанта и Вилјареал,ќе се игра вечерва од 19 часот. Како што се гледа на фотографијата направена попладне од Бергамо, тернот на стадионот на Аталанта просто блеска или сјае. Организаторот успеа за само 24 часа да го “дотера“, да го исчисти од снегот и со тоа да им овзможи на фудбалерите на двете екипи да имаат најдобри можни услови за одличен меч.
Инаку познато е дека од оваа група Манчестер Јунајтед како првопласиран на табелата се пласира веќе во следната фаза во ЛШ, на Аталанта вечерва и треба само победа, додека Шпанците и со реми ќе одат натаму во Лигата на Шампионите.