Денеска ќе се знае: Палермо или Болоња – Каде ќе и гостуваме на Италија во баражот за СП 2022?

301

Бараж натпреварот за пласман на СП 2022 меѓу Италија и Македонија ќе се игра или во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“ или на стадионот „Ренадо Дал Ара“ во Болоња. Овие два града се во трка за организатори на мартовското бараж-полуфинале за настап на Мундијалот во Катар, објавија италијанските медиуми.

Италијансата федерација денеска треба да ја донесе конечната одлука за градот домаќин на мечот. Според Италијанците, фаворит е Пелермо, кој досега 15 пати бил домаќин на натпреварите на „аѕурите“. На стадионот во Сицилија, Италија има скор од 13 победи, едно реми и еден пораз.

ПретходноЛЕ: Елиф и Наполи во одлучувачка битка со Лестер, Динамо (З) не смее да загуби кај Вест Хем
СледноЃорѓиев со 19 поени го однесе АХЦ Волеј во осминафиналето на Челинџ Купот