Лапорта: Многу е тажно, но мора да гледаме напред

161

Претседателот на Барселона ,  Жоан Лапорта изјави дека е разочаран од испаѓањето на тимот од Лигата на шампионите, но ги повика играчите да не ја наведнуваат главата.

Синоќа Каталонците загубија со 0:3 од Баерн Минхен и завршија на третото место во групата Е со 7 бода, од кои „Баварците“ 18 и португалската Бенфика со 8 бодови продолжуваат во осминафиналето . Барселона за прв пат по 21 година не успеа да ја мине групната фаза на најсилниот европски клупски турнир и напролет ќе го продолжи учеството во Лигата на Европа.

„Сега повеќе од кога било потребно ни е да бидеме обединети. Апелирам до навивачите на Барселона. Во овој момент, важно е да одиме заедно во една насока и сите заедно да се обидеме да ја надминеме тешката ситуација. Играчите направија се што беше можно, и повеќе од тоа. Многу сме тажни, но мораме да гледаме напред и да продолжиме да работиме за да ја промениме сложената спортска и економска ситуација во која се наоѓаме“, изјави Лапорта за ТВ3.

ПретходноТолку од Париз: Вајналдум сака да се врати во Англија
СледноНагелсман: Целосно доминиравме, можевме да постигнеме повеќе од три гола