ЛЕ: Елиф и Наполи во одлучувачка битка со Лестер, Динамо (З) не смее да загуби кај Вест Хем

151

Денеска ќе бидат комплетирани и местата за завршните нокаут-рунди во Лигата на Европа. Второто по ранг европско натпреварување под капата на УЕФА влегува во последното коло.

Белградска Црвена Звезда во групата „Ф“, како лидер гостува во Брага во еден од најинтересните денешни мечеви. Ова е директен дуел меѓу овие два тима кои се борат за првото место во групата и директен пласман во осминафиналето.

Многу интересен меч ни претстои и на „Олимпико“ во Рим, каде во меч од групата „Е“ Лацио го пречекува Галатасарај. На „орлите“ им треба победа за да завршат како први во групата. И двете екипи веќе имаат место во елиминациите, но влогот за првата позиција е голем.

Во групата „Ц“, Наполи на нашиот Елиф Елмас е домаќин на лидерот Лестер. Во оваа група, практично ништо не се знае до одигрувањето на последното колом бидејќи сите имаат шанса да продолжат во европската пролет, па ќе одлучуваат денешните дуели. Наполи со победа може да заврши прв и да оди директно во осминафиналето. Во другиот натпревар Легија е домаќин на Спартак Москва и исто така очекува победа за место во следната фаза.

Динамо (З) на Адеми и Ристовски ќе се обиде да остане непоразен кај лидерот Вест Хем и да го задржи второто место во групата кое му обезбедува пласман во 1/16-финалето.

ПретходноМомент на вечерта: Дебитираше во ЛШ на 35 години
СледноДенеска ќе се знае: Палермо или Болоња – Каде ќе и гостуваме на Италија во баражот за СП 2022?