ЛЕ: Ристовски и Адеми го урнаа Вест Хем во Лондон (видео)

332

Екипата на Динамо Загреб на фантастичен начин ја заврши групната фаза во Лигата на Европа. Го победи Вест Хем со 1:0 и тоа на Олимпискиот стадион во Лондон со што ја заврши групата на второто место со три победи, едно реми и два порази. Голот го постигна Оршиќ на стартот на натпреварот. Тоа беше фантастичен погодок со удар од далечина.

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери, со тоа што капитенот на Динамо играше до 70. минута.

Луд гол на Оршиќ против Вест Хем (видео)

Тоа значи дека заедно со првопласираниот Вест Хем патуваат во нокаут рундата во второто по квалитет европско натпреварување додека Рапид Виена како третопласирана ќе оди во Лигата на конференции, а Генк испаѓа. Рапид славеше со 1:0 над Генк и со тоа заврши трет.

А европска пролет избори и Црвена Звезда со ремито против Брага во Португалија. Резултатот 1:1 ја однесе Звезда на чело во групата Ф со 11 бода, Брага заврши како втора со 10 бода, Митјиланд не успеа да го победи Лудогорец (0:0) и остана на третото место со 9 бода и ќе патува во ЛК.

Во наредната фаза патуваат уште Галатасарај, Лацио, Леверкузен, Бетис.

На другите мечеви:

Селтик – Бетис 3:2

Ференцварош – Леверкузен     1:0

Генк – Рапид    0:1

Лацио – Галатасарај    0:0

Лугодорец – Митјиланд           0:0

Марсеј – Локомотив Москва    1:0

ПретходноМитревски и Порто му се реваншираа на Кjелце, Пик Сегед убедливо против Кил
СледноСлавија извлече реми во Берлин и се пласира во нокаут фазата на ЛК