Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига (ЛФП) го казни Лион со одземање на бод, откако неговите навивачи предизвикаа прекин на натпреварот против Олимпик Марсеј.
Дерби натпреварот од 14. коло на француското фудбалско првенство меѓу Лион и Олимпик Марсеј беше прекинат во петтата минута откако играчот за врска на гостите Димитри Паје беше удрен во глава со пластично шише полно со вода при изведување корнер.
Лион сега има 22 бода и е на 12. место, со дури 20 бода помалку од лидерот ПСЖ.