Македонските младински селекции до 17 односно 19 години ќе бидат домаќини на квалификациските турнири за следниот циклус.
Во текот на вчерашниот ден беа излвечени групите, автоматски ги дознавме и противниците, а денеска официјално УЕФА ни го додели и статусот на домаќин на двата турнира.
Македонската репрезентација до 17 години ќе биде дел од групата 9, а противници ќе ни бидат селекциите на Франција, Исланд и Луксембург.
Нашата селекција до 19 години е во групата 10 заедно со репрезентациите на Србија, Норвешка и Сан Марино.
Квалификациските турнири се закажани за ноември следната година.