Вчерашната завршница на групната фаза од Лигата на шампионите донесе и еден убав момент. Еден од голманите на прославениот англиски клуб, Манчестер Јунајтед дебитираше во најсилното европско клупско натпреварување на 35 години.
Том Хитон, еден ден ќе може да им каже на своите внуци дека играл во елитното натпреварување, откако на синоќешниот дуел меѓу Манчестер Ј. и Јанг Бојс, новиот менаџер на „ѓаволите“, Ралф Рангник се одважи да му дозволи на Хитон да ја почувствува магијата на Лигата на шампионите воз алезот на неговата ктивна кариера.
Германецот реши да му ја подари на овој голман роден во 1986 година една од најубавите вечери во неговиот живот, внесувајќи го на теренот на местото на Хендерсон на 22 минути пред крајот на мечот. Натпреварот не одлучуваше, па Рангник ја искористи шансата да му дозволи на Хитон да заигра.
Хитон е дете на Манчестер Ј. кој својата сениорска кариера ја почна на „Олд Трафорд вос езоната 2005/06. Потоа честопати беше испраќан на позајмица на друго место, се до неговиот последен трансфер во Кардиф во 2010 година. Оттогаш изгради скромна кариера во малите лиги. По двете години во Астон Вила, Хитон се врати во „матичниот клуб“ на 2 јули минатата година како трет голман и веројатно не можеше да си замисли вакво деби во шампионите. Сепак, и во неговиот случај се потврди правилото дека соништата можат да се остварат во најмалку очекуван момент.