Откако го „распнаа“ навивачите на Барселона… Ленгле: Не е така како што изгледа (ВИДЕО)

475

Екипата на Барселона синоќа се прости од овогодинешното учевство во лигата на шампионите откако на гостински терен загуби од Баерн со 3:0. Каталонците заминуваат во Лигата на Европа, а за стоперот Клемен Ленгле тоа не е единствениот проблем во моментов.

Тој синоќа беше уловен како по завршувањето на мечот му честита на Роберт Левандовски за победата и помалку чудно насмеан го напушти теренот. Сите очекуваа нормално тага и солзи, но Ленгле не излгедаше таков. Потоа, нормално следуваше лавина од негативни коментари, по што и тој самиот денеска мораше да реагира.

„Сакам да пратам порака до сите навивачи на Барселона. Пред се сакам да кажам дека сум исклучително тажен поради вчерашниот резултат, затоа што клубот заслужува најдобро, а ние не успеавме да го остваиме тоа. Сите оние кои добро ме познаваат знаат колку сум посветен на клубот, и на играњето за Барселона. Никогаш намерно не би направил вакво нешто, особено не по тежок пораз. Денеска сме сите тажни, но сме во мизија да ја вратиме Барселона онаму каде што и е местото“ – напиша Ленгле.

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clement Lenglet (@clement_lenglet)

ПретходноАмели Морезмо е нова директорка на Ролан Гарос
Следно„Бомбата“ на Лазаров една ама вредна (ВИДЕО)