ТИМ НА 17.КОЛО: Захов уште еднаш покажа дека е ГОЛМАНИШТЕ…

776

Кој си знае си знае. Се разбира дека тука мислиме на Костадин Захов,голманот на Шкендија, кој според нас е играч на колото. Без разлика што прими гол во 89.минута со кој чаирчани израмнија на 1:1 во дербито. Но тој гол едноставно не се фаќаше. Алварез беше премногу прецизен. Сепак она што го направи претходно на Чаир, навистина го прави играч на колото. Нема што, Захов уште еднаш покажа дека е ГОЛМАНИШТЕ.

Покрај него од Шкендија во тимот на 17.коло е Синдрит Гури. Од Шкупи тука се, се разбира, Фреди Алварез, потоа Руватубјае и Брдаровски. Работнички ја победи Брегалница, најдобри беа Тодоровски и Позњак. Македонија ЃП ја демолираше А.Пандев, Воша беше двоен стрелец. Тиквеш освои голем бод, Каракамишев беше еден од оние кои даваа тон на играта на кавадарчани на тешкото гостување кај Ренова. Ѓорѓевиќ беше двоен стрелец за Борец во Битола, а Кировски го даде победничкиот гол за Скопје против Струга ТЛ.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
КОСТАДИН ЗАХОВ
Тим:Шкендија
Роден: 08.11.1987 во Струмица
Кариера: Беласица, Вардар, Брегалница, Хоризонт Турново, Шкендија

ПретходноПознати шеширите за ждрепката за осминафиналето во ЛШ
СледноЛион остана без бод поради прекинот на мечот со Олимпик (М)