Ете, по долго, долго време дочекавме и ние да видиме некој наш стадион да биде преполн. Прво короната а потоа и не така квалитетниот фудбал, дозволуваа да имаме прекрасен амбиент, со преполни трибини и со речиси 7.000 гледачи. Шкупи – Шкендија беше мечот каде што вчера се играше на Чаир пред, како што веќе напоменавме, речиси 7.000 фанови.
Имаше што да се види, да бидеш виден, да ја осетиш таа фудбалска убавина со полни трибини.
Инаку ова е рекордна посета на Чаир, со оглед на тоа дека пред некој месец беше пуштена во употреба и новата, втората трибина, на овој стадион.