Тренерот на Барселона, Чави Ернандез по поразот од Баерн со 3:0 и елиминацијата од Лигата на шампионите, изјави дека тоа е реалноста во моментов. Барселона не се пласираше во нокаут-фазата од ЛШ за првпат по 17 години.
„Тешко време, но сакам да бидам во Барселона. Ќе работам да ги исправам работите. Лигата на Европа е нашата реалност, ние мора да го прифатиме тој факт и да бидеме конкурентни. Нашите навивачи не го заслужуваат тоа, но сакам да ги уверам дека ќе работиме да ја вратиме Барселона на вистинското место. Филозофијата на клубот е секогаш да доминира, но бевме многу далеку од тоа против Баерн. Мораме да бараме повеќе од себе“, изјави Чави.