Шок за МЗТ Скопје, Феникс го урна првакот по продолжение

318

Феникс одигра уште еден фантастичен натпревар во дебитанската сезона во Првата лига. Овој пат нова жртва на избраниците на Дервис Дервишевиќ е актуелниот македонски првак, по продолжение го совлада со 90-83 во рамките на десетото коло.

Морган, Џонс и Митревски беше ударното трио, заедно постигнаа 58 поени. Милошевиќ имаше 18 поени, по 14 поени постигнаа Рикиќ и Стојановски кај МЗТ Скопје.

Дуелот беше изедначен од првата минута, МЗТ Скопје доминираше во поголем дел од првата четвртина која ја доби со 22-23. Гостинските кошаркари едноставно не можеа да најдат решение за мотивираниот противник.

По минималните 44-46, Феникс се издигна пред крајот на третата четвртина при 58-63, со серија од 15-0 поведе со двоцифрени 73-63 во 34 минута.

Мекиќ и Робев го прекинаа налетот на противникот, намалија на пет поени негатива. Се разбуди Милошевиќ, а потоа Рикиќ и Вер, знаеја како да ги казнат грешките на дебитантот. Токму Милошевиќ израмни на 79-79 на 40 секунди до крајот. Феникс влезе во поентерска криза, Дервишевиќ повика тајм-аут, не реализираа ниту двата тима.

Мечот беше решен во продолжение, а таму беше вистинска драма. Кларк и Џонс на минута до крајот, зголемија на 87-83. На другата страна МЗТ Скопје не реализираше, печат на мечот стави Митревски.

За дебитантот ова беше петти триумф, македонскиот првак го запиша пак вториот пораз.

ПретходноВиљареал го освои Бергамо и се пласира во осминафиналето на ЛШ (видео)
СледноКузмановски одличен во тимот на Хановер против Магдебург