Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев и неговиот тим АХЦ Волеј обезбедија место во осминафиналето на ЦЕВ Челинџ Купот. Синоќа во реванш дуелот од 1/16-финалето, повеќекратниот словенечки првак славеше со 3:1 и на гостувањето во Украина против екипата на Барком, откако во првиот меч веќе остварија убедлива победа од 3:0.
И на синоќешниот меч Ѓорѓиев имаше извонреден настап со 19 реализирани поени со кои како најдобар поентер го затвори мечот. Нашиот најдобар одбојкар во моментов имаше одлична завршница на мечот откако ги освои последните два поени за АХЦ Волеј од кој последниот и со сервис ас.
Словенечкиот тим во осминафиналето на Челинџ Купот ќе се сретне со екипата на Стеауа од Романија.