Елмас: Да бидам искрен, не знам која е мојата природна позиција

1153

Наполи со два гола го совлада Лестер со 3:2 во меч од последното коло во групите на Лига Европа. Елиф Елмас постигна два гола и практично ја донесе победата на тимот од Неапол и пласманот во нокаут рундата.

Ова беше прекрасна ноќ. Се квалификувавме понатаму и среќен сум поради двата гола, но најважно од се е што екипата ќе игра во следната фаза од Лига Европа. Се надеваме дека ќе бидеме подобро во иднина. Покажавме дека сме вистински тим со карактер. Подготвени сме да играме и да победуваме“, изјави Елмас за „Скај Италија“.

На прашањето што им рекол тренерот Спалети пред мечот, Елмас одговори:

Тој кажа многу работи, меѓу најважното е што посочи дека сме силен тим и тоа мораме да го покажеме на теренот. Го направивме тоа што го побара од нас и победивме. Јас се трудам да го направам тоа што се бара од мене без разлика каде ќе ме стави тренерот. Да бидам искрен, не знам која е мојата природна позиција на теренот“.

 

ПретходноКонечно: По 27 месеци Брегалница е поразена на свој терен!
СледноМитревски и Порто му се реваншираа на Кjелце, Пик Сегед убедливо против Кил