Кошаркарите на Денвер победија по продолжение на гостувањето кај Њу Орлеанс со 120:114, предводени од српскиот центар Никола Јокиќ, кој оствари трипл-дабл, четврти во НБА лигата оваа сезона. Јокиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 11 скока и 11 асистенции. Тој постигна 11 поени само во продолжението кога се реши и победникот на мечот.
Во тимот од Њу Орлеанс најефикасен беше Јонас Валанчиунас со 27 поени и 11 скока.
Кошаркарите на Далас го победија Мемфис со 104:96 и ја прекинаа серијата од три порази. Најдобар во победничкиот тим беше Лука Дончиќ со 26 поени, осум скока и седум асистенции, а тоа е 15-ти последователен натпревар на кој словенечкиот кошаркар постигнува 20 или повеќе поени. Кристапс Порзингис постигна 19 поени, а Реџи Булок 15.
Голден Стејт дома славеа над Портланд со 104:94. Стивен Кари ги предводеше Вориорс со 22 поени, од кои имаше дури шест „тројки“. Кари стигна до фантастичната бројка од 2964 „тројки“ во кариерата и му недостигаат 10 за да стане нов рекордер во лигата уривајќи го рекордот кој го држи Реј Ален.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Чикаго 115:92
Детроит – Вашингтон 116:119 (п)
Индијана – Њујорк 122:102
Мајами – Милвоки Бакс 113:104
Торонто – Оклахома 109:110
Хјустон – Бруклин 114:104
Минесота – Јута 104:136
Њу Орлеанс – Денвер 114:120 (п)
Голден Стејт – Портланд 104:94
Сакраменто – Орландо 142:130
ЛА Клиперс – Бостон 114:111
Мемфис – Далас 96:104
Шарлот – Филаделфија 106:110