И официјално, на 24 март 2022 година, во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, Италија ќе ја дочека Македонија во Палермо, на стадионот „Ренцо Барбера“. Колку за потсетување, тој стадион и тој град им е добро познат на Александар Трајковски и Илија Несторовски, и двајцата со успех го носеа дресот на Палермо.
Зошто токму Палермо е одбран од страна на Фудбалската федерација на Италија? Тоа само тие го знаат. Дали фактот дека во северниот дел на Италија живеат и работат многу наши Македонци, кажува нешто.
Е, па тоа, е. Македонија својот историски меч ќе го игра во Палермо.
Си посакуваме многу среќа и добра игра на момците на Благоја Милевски, и се разбира пласман во финалето каде противник би ни бил Португалија или Турција.