Партизан одигра реми со Анортозис, но обезбеди нокаут-фаза во ЛК

131

Екипата на Партизан успеа да се пласира во наредната рунда од Лигата на конференциите откако вечерва на свој терен одигра 1:1 со Анортозис. Во последното коло на српскиот тим му требаше да не загуби и успеа да освои бод што беше доволно за второто место. Прв е Гент, Анортозис остана трет, а последна е Флора.

Инаку Миловановиќ стрелаше за Партизан во 20. минута, а изедначи Христодопулос во 33 минута од пенал.

На другите натпревари: Алашкерт-Макаби Т.А. 1:1, АЗ Алкмар – Рандерс 1:0, Клуж – Јаблонец 2:0, ЦСКА Софија – Рома 2:3, Гент – Флора 1:0, ЛАСК – Хелсинки 3:0, Зорја – Бодо/Глимт  1:1

Во следната фаза одат: ЛАСК, Макаби Т.А., Гент, Партизан, Рома, Бодо/Глимт, АЗ Алкмар, Рандерс.

ПретходноНаполи отиде понатаму благодарение на Елмас, тешка повреда за Лозано (видео)
СледноВиљареал го освои Бергамо и се пласира во осминафиналето на ЛШ (видео)