Чави: Лигата на Европа е реалноста на Барселона

146

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез по поразот од Баерн со 3:0 и елиминацијата од Лигата на шампионите, изјави дека тоа е реалноста во моментов. Барселона не се пласираше во нокаут-фазата од ЛШ за првпат по 17 години.

„Тешко време, но сакам да бидам во Барселона. Ќе работам да ги исправам работите. Лигата на Европа е нашата реалност, ние мора да го прифатиме тој факт и да бидеме конкурентни. Нашите навивачи не го заслужуваат тоа, но сакам да ги уверам дека ќе работиме да ја вратиме Барселона на вистинското место. Филозофијата на клубот е секогаш да доминира, но бевме многу далеку од тоа против Баерн. Мораме да бараме повеќе од себе“, изјави Чави.

ПретходноЛион остана без бод поради прекинот на мечот со Олимпик (М)
СледноМомент на вечерта: Дебитираше во ЛШ на 35 години