Арнаутовиќ: Во Интер се чувствував како дете во луна парк

206

Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ се присети на минатото и на времето кога играше за Интер, па англиските Стоук и Вест Хем. Сега е член на Болоња, а на прашањето зошто ја одбрал Болоња тој одговори:

Зошто да не. Сигурно и на некои играчи на Аталанта им го поставуваа истото прашање пред шест години. Видете сега каде е Аталанта. Тоа е патот кој треба да се изоди, но чекор по чекор“.

Првиот напаѓач на Болоња пред 12 години дојде во Интер како голем талент но не остави трага.

Во Интер бев како дете во луна парк. Голем град, јак договор, големи шампиони околу мене, се беше блескаво. Секој ден бев среќен што бев меѓу толку шампиони. Но во тоа време за мене беше важно да излезам, да се забавувам, го сакав оној живот надвор од фудбалот. Се друго ме интересираше освен фудбалот. Дури после шест месеци почнав да се фокусирам на фудбалот. Мурињо ми објасни некои работи и тогаш станав сериозен“, изјави Арнаутовиќ.

Австриецот играше за Вердер, Стоук, Вест Хем, кинески Шангај, па се врати во Европа и тоа во Болоња.

Мојата кариера почна во Стоук. Тука потполно бев фокусиран на фудбалот. Потоа играв во Вест Хем. Ми беше убаво во Англија. Потоа добив понуди од Русија, Турција, Америка, а потоа заминав во Кина. Шенхуа беше супер тим, Шангај е преубав град. Се беше однапред спремно, работа за сопругата, школо за децата. А потоа се случи пандемијата и две години живеев сам. Ми беше тешко и морав да се вратам во Европа.Од Болоња ми се јавија во декември 2020 и тогаш ги одбив. Но повторно ми се јавија и ми објаснија каков проект спремаат. Тогаш одлучив да отидам таму“, додаде Австриецот.

 

ПретходноАгуеро го продава најбескорисното нешто што го купил!
СледноПамплона погодена од невреме, мечот Осасуна-Барса се одложува!?