Варди за Канте: Му вртев, но не ми се јавуваше, а потоа…

7903

Познато е дека Нголо Канте, ѕвездата на Челзи и репрезентацијата на Франција е голем човек. Има респект кон секого, за разлика од останатите фудбалери тој води едноставен и мирен живот, што би се рекло душа од човек. Сите кои што го познаваат велат дека Канте е олицетвирение на доброта.

Зборовите на Џејми Варди, напаѓачот на Лестер, кој во минатото имаше можност да игра со него во ист тим, само го потврдуваат искажаното за Канте.

Убаво се сеќавам, тоа беше ден откако Челзи стана европски првак. Нголо е мој пријател и јас сакав лично да му честитам на успехот. Му вртев на телефон, но не ми се јавуваше, тоа ме запрепасти. Сепак, после некое време во текот на денот тој ми се јави и цел час ми се извинуваше зошто не можел да ми одговори на повикот. Едноставно бил да трча, да одработи еден џогинг – тренинг. Неверојатно, пред само неколку часови стана европски првак и место да слави, тој тренирал. Тоа многу говори за него“ потенцираше Варди.

ПретходноКарлсен ја одбрани титулата светски првак во шах!
СледноВинисиус е избран за играч на ноември во Ла Лига!