Петковски го оперираше зглобот, следува пауза меѓу 4 и 6 недели

541

Петар Петковски, нашиот интернационалец во Романија, во тимот на Ботошани, доживеа сериозна повреда на зглобот на ногата поради што морал да биде опериран. Последните информации велат дека операцијата минала успешно и дека напаѓачот добро се чувствува. Секако дека следува пауза меѓу четири и шест недели.

Сега добро се чувствувам, операцијата мина во најдобар ред и следува долг период на рехабилитација. Уверен сум дека ќе се вратам уште посилен“ изјави за “Спортмедиа“ фудбалерот на Ботошани, некогашен младински репрезентативец на Македонија, член на онаа генерација која настапи на ЕП во Полска за селекции до 21.година во 2017.

ПретходноВинисиус е избран за играч на ноември во Ла Лига!
СледноЧурлинов даде гол во победата на Шалке над Нирнберг (видео)