Тиквеш го сопре Бутел Скопје, Е.Пелистер лесно во Струга

300

Тиквеш 2014 успеа да дојде до големи бодови, на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 29-25 во рамките на 14. коло во Супер-лигата. Кавадарчани ставија крај на серијата од пет победи во низа на гостинскиот тим, кој засега останува сигурен на третото место и покрај оваа разврска во салата „Јасмин“.

По 9-9 пред крајот на првото полувреме, домашниот тим со серија од 5-1 на полувремето поведе со 14-10. Од овој момент, ракометарите на Тиквеш не им дозволија на гостите да приредат пресврт, умешно ја чуваа предноста до самиот крај за осма победа сезонава.

Стефановиќ, Симиќ и Јанчев со по пет погодоци беа први стрелци, на другата страна Мојсоски и Митев имаа исто толку погодоци.

Претходно Е.Пелистер без проблем славеше кај Струга со 22-31 за 13. триумф и задржување на лидерското место, а дали ќе остане таму ќе биде познато во следното коло кога го дочекува Вардар 1961.

ПретходноЧурлинов даде гол во победата на Шалке над Нирнберг (видео)
СледноАгуеро го продава најбескорисното нешто што го купил!