Арсенал ја испрати првата официјална понуда за Кулушевски

252

Според денешното издание на „Ла Република“, Премиерлигашот Арсенал, ја испратил деновиве првата официјална понуда за откупување на репрезентативецот на Шведска со Македонско потекло, Дејан Кулушевски.

Во таборот на Јувентус, каде што Кулушевски во моментов игра,  немаат ништо против да го продадат Кулушевски за добра цена. „Ла Република“ тврди дека стандардниот период на преговарање секако дека ќе потрае, и дека од Јуве ќе почекаат да видат кој друг клуб ќе испрати исто така официјална понуда. Цената на Кулушевски е 40 милиони евра.

Сеуште младиот, 21. годишен играч беше доведен од Аталанта во Јувентус во јануари 2020 година за 35 милиони евра, но беше оставен да ја заврши сезоната во Парма на позајмица. Следната сезона, Швеѓанецот запиша 47 натпревари и 7 гола на своето конто за „Старата дама“. За време на тековната кампања, сепак, неговата форма драстично опадна. Има одиграно 17 натпревари и досега има само 1 гол. Затоа „бјанконерите“ се подготвени да преговараат за негова продажба, се додека добијат доволно добра сума од дилот.

 

 

ПретходноТренинг камп на Македонија У21, пријателски средби со Косово (СОСТАВ)
СледноДобра вест за Јунајтед, Варан се враќа на терен