Ван Дер Варт: Ако уште еднаш го споредите Вернер со Ван Перси напуштам емисија

284

Рафаел Ван Дер Варт е сериозен авторитет во Холандскиот фудбал. Играше за Ајакс, и за Реал Мадрид, имаше огромна улога во успесите на репрезентацијата на Холандија, а сега е стручен коментатор за преносите од Лигата на Шампионите.

Тоа е лик кој нема влакна на јазик што се вели и кажува она што мисли, онака како што впрочем и треба. При коментарот за мечот Зенит – Челзи во рамките од последното коло од групната фаза од Лигата на Шампионите, Германецот Тимо Вернер постигна два гола, и асистираше за трет. Новинарите на емисијата едниот од погодоците го споредија како на оние на Робин Ван Перси, легендата на фудбалот во Холандија, па на Ван Дер Варт му „прекипе“.

„Уште еднаш ако го споредите Вернер со Ван Перси излегувам од студио. Па како може тоа да се спореди. Вернер е крут играч, сличен на Суарез. Кога ја прима и води топката главата му е наведната. Нема преглед што се случува. За него се дадени милиони, а не гледам зошто е тоа така. Не постигнува голови, не е ефикасен. Не е класа која што сите се обидувате да го претставите. Го познавам добро, уште кога играше во Германија за Ред Бул. Среќа негова што е брз инаку би бил тежок просек од играч“ – „згрми“ Ван Дер Варт.

 

 

ПретходноМиркуловски прослави јубилеј во дресот на Вецлар
СледноХајдук привлекува уште еден Македонец