Холанѓанецот Макс Верстапен заврши најбрз на првиот тренинг на патеката во Абу Даби, каде што се вози последната и воедно и одлучувачка трка за титулата во овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Со време од 1:25.09, беше побрз од двоецот од Мерцедез, Валтери Ботас односно Луис Хамилтон, ривалот на Верстапен за титулата.
Во пресрет на последната трка во сезоната, Верстапен и Хамилтон имаат ист број на бодови, 369.5. Титулата ќе му припадне на оној кој ќе освои повеќе бодови на оваа трка. Доколку на крајот од трката и обајцата имаат ист број на бодови, тогаш титулата му припаѓа на Верстапен поради поголемиот број на победи (девет) сезонава.