Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е избран за најдобар фудбалер за месец ноември во Ла Лига. Ова е признание кое се доделува секој месец а младиот Бразилец и тоа како го заслужи со своите игри во дресот на “кралевите“. Неговите статистички показатели за минатиот месец навистина се и повеќе од импресивни.
Инаку наградата фудбалерот на Реал Мадрид ќе ја добие пред мечот со лутиот градски ривал Атлетико Мадрид, кој се игра викендов.