Талентираниот германски репрезентативец Карим Адејеми се договорил со Борусија Дортмунд за трансфер во овој клуб, пишува весникот „Билд“. 19-годишната ѕвезда на австрискиот Салцбург стана вистинка сензација и го привлече вниманието на многу европски клубови како ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид, Баерн, Интер, Атлетико, но тој одбрал кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд.
Адејеми ќе добие петгодишен договор од Борусиа, а трансферот ќе се реализира летоска, но сите параметри се дефинирани. Договорот на младиот фудбалер со Салцбург е до 2024 година, но засега не е позната сумата која Дортмунд ќе ја плати за него.
Адејеми е роден во Минхен, а почнал во школата на Баерн.