Драма во таборот на Хрватска пред вечерашниот меч со Шпанија!

783

Вистинска драма се случува денеска во редовите на репрезентацијата на Хрватска на СП во ракомет за жени. Имено се уште не се знае колку од експедицијата на оваа репрезентација се позитивни на Ковид-19. Па така, барем според информациите на хрватските медиуми сите се во изолација и не знае дали овој натпревар ќе се одигра или не. Засега неколку ракометарки и дефинитивно се знае дека нема да играат, се уште се очекуваат резултатите од дополнителните тестови за останатите, па така постои голема можност Хрватска вечерва, ако може да настапи, да игра драматично ослабена. Инаку познато е дека нејзе и треба победа над Шпанија за пласман во четвртфиналето на СП.

Според правилата репрезентацијата може да настапи доколку во своите редови има 8 ракометарки и една голманка во записникот.

ПретходноМуарем Бајрами – човекот кој што ја „препороди“ Македонија ЃП: Ќе бидеме уште подобри!
СледноРаиола кажа во кои клубови Халанд може да оди, четири се на број…