Магнус Карлсен од Норвешка и натаму е владател на тронот во светскиот шах. Тој денеска во Дубаи успеа со конечни 7,5-3,5, да го победи Русинот Јан Непомњашчиј.
Ова е една од највисоките победи во историјата во мечевите за светски првак во шах. Од 1948 година па наваму само две партии завршиле со пет поени разлика во однос на шампионот.
Инаку ова е најбрзиот нокаут ако може така да се каже во боксерски жаргон, ако се знае дека во Дубаи имаше само 11 партии.