Интересен дуел на отворањето на 18. коло во француската Лига 1. Екипата на Нант впиша нови три бода на своето конто по триумфот над Ленс со 3:2 на домашен терен.
Нант губеше по првото полувреме со 0:2, головите за гостите ги постигнаа Коста и Калимуендо. На почетокот на второто полувреме Коло Муани со два гола го изедначи резултатот, а во 90. минута Мосес Симон ја донесе победата.
За Нант ова е седма победа во првенството, додека Ленс го впиша петтиот пораз.
Инаку Нант за првпат по ноември 2005 година победи откако губел со два гола разлика. Тогаш имал негатива од 1:3 против Стразбур, а на крајот победил со 4:3.
Интересно, Лен првпат по септември 1985 прокоцкал предност од два гола.