Миркуловски прослави јубилеј во дресот на Вецлар

176

Филип Миркуловски пред пет дена се врати на терените по паузата поради повреда. Македонскиот репрезентативец и Вецлар го совладаа Мелсунген за осма победа оваа сезона во Бундес-лигата, со која пак се најдоа на петото место на табелата.

Миркуловски во дресот на Вецлар прослави јубилеј, го одигра 200. натпревар, а од клубот му се заблагодарија за верноста. Искусниот репрезентативец во овој тим е од 2015 година, тој сега има двојна улога. Покрај играч, Миркуловски е дел од стручниот штаб на бундес-лигашот.

ПретходноПо поразот од Баерн, Чави отпишал тројца играчи
СледноВан Дер Варт: Ако уште еднаш го споредите Вернер со Ван Перси напуштам емисија