Памплона погодена од невреме, мечот Осасуна-Барса се одложува!?

234

Шпанска Памплона минува низ една од најголемите елементарни непогоди во историјата поради што постојат големи шанси мечот меѓу Осасуна и Барселона закажан за во недела во рамките на Ла Лига да биде одложен. Причината се незапаметените поплави во Памплона. Дождот врне 15 дена поради што реката Арга се излеа и поплави поголем дел од градот, а метеролозите најавуваат дека врнежите ќе продолжат и викендов.

Иако стадионот „Ел Садар“ се наоѓа во сигурната зона има и модерен дренажен систем во случај на временски неприлики, сепак, приодите до стадионот се поплавени.

Засега нема официјална потврда, но со оглед на фотографиите и видеата што доаѓаат од таму се поочигледно е дека мечот ќе биде одложен.

ПретходноАрнаутовиќ: Во Интер се чувствував како дете во луна парк
СледноХрватска без шанси за 1/4 финале по поразот од Шпанија