Џенова го загуби градското дерби со Сампдорија во рамките на 17. коло на Серија А со што и понатаму останува во опасната зона. Македонскиот голгетер Горан Пандев беше во првата постава на тренерот Шевченко меѓутоа не можеше сам да ги понесе своите колеги до триумф против лутиот сосед.
Сампдорија победи со 3:1. Габијадини го отвори резултатот во 7. минута, зголеми Капуто во 49-тата, а во 67 минута повторно Габијадини ја затресе мрежата на Сиригу. Во 78 минута Матеа Дестро само го намали резултатот.
Габијадини сега има пет гола во првенствените дуели меѓу Сампдорија и Џенова и со тоа се изедначи на првото место на листата на стрелци на дербијата со Андриано Басето.
Сампдорија ја впиша петтата победа, а Џенова деветтиот пораз. Џенова остана со само една победа по 17 кола, онаа над Каљари на 12 септември со 3:2.