Периќ откри: Ристовски и Влашиќ се „закачија“, Македонецот имаше што да му каже!

6996

Динамо Загреб го победи Вест Хем со 1-0 во шестото коло од Лига Европа и обезбеди европска пролет. По завршувањето на оваа средба, Дино Периќ откри дека имало кавга меѓу Стефан Ристовскии Никола Влашиќ од Вест Хем.

Македонскиот репрезентативец и капитен, му замери на противникот за изјавата пред натпреварот. Хрватскиот репрезентативец Влашиќ изјави дека и тој како и сите во Хајдук би сакал да го исфрли Динамо од Лигата на Европа.

„Јас не му замерив, мислам дека треба само да се гледаме напред и да игнорираме што зборуваат другите. Тој и Ристовски се закачија на нешто, но ништо важно. Мислам дека победата е убава, не треба да се зборува за тоа. Ние си ја гледаме нашата работа и натпреварите што ни претстојат. Овој тим е добар, треба да се вратиме таму каде што бевме“, изјави Периќ, кој додаде дека изјавите на Влашиќ ги мотивирале играчите на Динамо.

ПретходноГорчлив јубилеј на Леброн Џејмс (ВИДЕО)
СледноРоџерс: Конференциска лига? Не знам ништо за тоа натпреварување!