Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити. Ова се клубовите во кои Ерлимг Халанд би можел да ја продолжи својата блескава кариера. Ова го кажа неговиот менаџер Мино Раиола.
“Тоа се четири големи клубови, и во Дортмунд се свесни за тоа. Халанд даде многу за Дортмунд, тоа сите го знаеме. Е, сега, може да си оди на лето, но може и наредното лето. Ерлинг е голем фан на Златан Ибрахимовиќ. Инаку ние се запознавме со Ерлинг преку еден заеднички пријател. Се сретнавме, разговаравме пет минути и тоа беше тоа. Доволно беше да ја започнеме соработката“ истакна менаџерот.