Наполи го победи Лестер со 3-2 во шестото коло во Лига Европа и го исфрли англискиот тим од ова натпреварување. Првото место во групата Ц ми припадна на Спартак, додека пак Наполи заврши на втората позиција, токму пред Лестер.
Премиер-лигашот својот пат во Европа ќе го продолжи во Конференциската лига, новото натпреварување на УЕФА. По поразот, тренерот на Лестер, Брендон Роџерс не беше воодушевен што неговата екипа ќе мора да игра на овој турнир.
„Морам да бидам искрен, ништо не знам за тоа натпреварување“, коментираше Роџерс.
Последното место во оваа група и припадна на полска Легија.