Спалети: Му ветив на Елмас ако даде втор гол – ќе се фрлам на теренот (ВИДЕО)

7924

Наполи обезбеди пласман во нокаут фазата во Лига на Европа, откако го совлада Лестер со 3-2, благодарение на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Дијамнатот постигна два гола во триумфот на својот тим и ја потврди својата одлична сезона.

Тренерот Лучано Спалети по мечот испрати комплименти на сметка на Елмас.

„Елиф е сјајно момче, каде и да го ставите, тој ќе врати со игра на ниво. Елмас може да игра секаде и тоа секогаш со најдоброто од себе. До сега одигра 29 меча, што за Наполи, што за репрезентацијата и нема некој што одиграл повеќе мечеви од него“, изјави Спалети.

Стратегот на Наполи откри како го мотивирал Елиф на полувремето да даде и втор гол.

„Елмас беше нешто нервозен на полувремето, бидејќи не направил нешто како што сакал, па морав да му дадам едно ветување. Му реков: ‘ако дадеш и втор гол, ќе се фрлам на теренот’. Морав чекам да заврши мечот и да победиме за да го направам тоа“, вели Спалети.

ПретходноБаскет Кам со пораз ја заврши сезоната во ВАБА
СледноГорчлив јубилеј на Леброн Џејмс (ВИДЕО)