Женската репрезентација на Хрватска ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето на Светското првенство откако доживеа пораз од домашната репрезентација Шпанија со 23:27. И покрај тоа што Хрватките имаат уште еден меч, со Австрија, немаат шанси за понатаму.
Инаку мечот помина во изедначена борба некаде до 15-тата минута, потоа следуваа три брзи исклучувања во хрватскиот тим и тоа го искористија Шпанките кои направија предност на полувреме од 12:9.
Потоа Шпанките ја држеа предноста од три гола во целото второ полувреме и на крајот победија. Најдобра кај хрватскиот тим беше Валентина Блажевиќ со седум голови, а Ана Дебелиќ постигна три. За најдобра ракометарка на мечот е прогласена Ирене Еспиноза Перез со четири гола и пет асистенции, додека Александра Барбоса постигна шест голови.
Во четвртфиналето од оваа група покрај Шпанија патува и Бразил по триумфот над Аргентина.
Од групата 3 патници понатаму се Данска и Германија.
Данките ја победија Чешка, а Германките беа подобри од Јужна Кореја.