Јован Манев: Брегалница може до бодови во Кавадарци!

306

Утре во Кавадарци се игра првиот натпревар од 18.коло во ПМФЛ. Брегалница му гостува на Тиквеш во најнезгодно време, и тоа по поразот дома од Работнички и поради тоа дека неколку стандардни првотимци се во “аут“.

Сепак тоа не ја намалува одлучноста во таборот на „сините“ да дојдат до добар резултат на ова тешко гостување за нив.

Јован Манев, младинскиот репрезентативец и еден од најдобрите во редовите на Брегалница за утрешното гостување истакнува:

Посакуваме позитивен резултат од Кавадарци, со позитивен резултат да ја завршиме есента. Свесни сме дека тоа ќе биде тежок меч за нас, мора сериозно да пристапиме. Ни недостигаат голем број играчи, но лично верувам дека можеме до бодови во Кавадарци“ истакна Манев.

ПретходноПерез откри кое е најголемото засилување на Реал во 21 век, ќе се изненадите….
СледноКарлсен ја одбрани титулата светски првак во шах!