Баскет Кам со пораз ја заврши сезоната во ВАБА

602

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 со пораз го завршија своето деби учество во женската Јадранска лига.

На вториот натпревар одигран во рок од 48.часа, уште еднаш беа поразени од Будуќност Бемакс со 83-46.

И во овие втори 40.минути кошаркарките од Подгорица го потврдија фаворитскиот статус и стигнаа до максимален ефект, осум победи во исто толку одиграни мечеви.

За македонскиот првак пак ова беше простување од првото појавување во оваа конкуренција во кое реализираа две (службени) победи и осум порази во групата „А“.

На последниот меч во јадранскиот дел од сезоната, екипата од Македонска Каменица делумно паришаше во првото полувреме во кое и имаше некоја резучтатска неизвесност.

Но со серија од (25-9) во третата четвртина, Будуќност Бемакс ги тргна сите дилеми околу победникот.

А Адијат Адамс стигна до висок дабл-дабл ефект од 16.поени и 19.скока во нашата екипа во која по осум реализации запишаа репрезентативките Поп Димитровска и Тасевска, а по седум српскиот двоец Пуљизовиќ-Алексиќ.

ПретходноСлавија извлече реми во Берлин и се пласира во нокаут фазата на ЛК
СледноСпалети: Му ветив на Елмас ако даде втор гол – ќе се фрлам на теренот (ВИДЕО)